Петар Печков
Објавено: петок, 08 октомври 2021
Продолжува вакцинација за заштита од ковид-19 во велешко, но истата е со намален интерес. Оваа седмица прва доза примиле 118 граѓани, втора доза 477, додека трета доза или „бустер“ примиле 18 лица.
„На пациентите им се аплицира како прва доза „Фајзер“ или „АстраЗенека“ за лицата над 60 годишна возраст. Како втора доза истите две или „Синовак“. Пропишана за аплицирање на трета доза е исклучиво “Фајзер“. Неа ја примаат досега единствено здравствени работници, бидејќи тие први беа вакцинирани пред шест месеци, потоа ќе следат луѓе што работат во МВР, АРМ, полицијата, војниците, просветните работници, вработени на патарините“ - кажа д-р- Марина Тодоровска координатор на вакцинацијата за ковид-19 во Здравствен дом.
Вакцинацијата се изведува во Уред во терминот од 7,30 до 13,30 ч. Истовремено лицата кои биле вакцинирани во странство треба да се пријават за евиденција. Оваа седмица тоа го сториле осум лица а претходната тоа го сториле 20 лица. Во првата седмица можноста да бидат вакцинирани со трета доза ја искористија 15 лица, исто така сите здравствени работници.
„Што се однесува до вакцинирањето на сите граѓани кои сакаат да примат трета доза, се уште е рано да може некој тоа да го стори, оти масовната вакцинација за граѓаните започна во мај, први во април примаа лицата од критична инфраструктура“ - додаде д-р Тодоровска.
Tweet |