Петар Печков
Објавено: среда, 11 септември 2019
Нова акциска контрола на сообраќајната полиција, трета за пет дена. Овој пат за четири часа на териториаја нa гpадот и околината шестмина возчи возеле побрзо од дозволеното.
За потсетување во идентичлна акција, во петокот и неделата, во празничниот викенд биле констатирани дури 26 прекршока.
Вторникот на 10-ти септември во периодот од 7 до 11 часот на територијата на СВР Велес извршена е контрола на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од дозволената. Притоа, констатирани се вкупно 13 прекршоци, од кои шест во Велес. Останатите се три во Кавадарци и четири во Неготино -инфомираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
За констатираните прекршоци на возачите им се изречени соодветни санкции.
Tweet |