речник контакт

Трета лига југ в недела дербито за прво место, Бабуна –Вардар

Илинден и Превалец пред излегување и враќање во Општинска. Утре, среда во Велес финале на Купот на ОФЛ играат Башкими и Мартолци

Петар Печков

 В недела во Чашка екипата на Бабуна во директниот дуел со Вардар од Неготино ќе решава која екипа ќе биде лидер  и веројатно првак на третата лига југ.  Овие две екипи се на врвот имаат по 45 бода но Бабуна има натпревар помалку. Затоа се очекува и најавува голема борба за титулата.

Екипите на Превалец и Илинден од Башино село се во долниот дел со мали шанси да се спасат од излегување. Превалец  иако има одлична серија стигна до 31 бода и 8-то место додека Илинден со лоша серија порази се најде на 10-тото место и 22 бода. Од оваа лига остануваат првите осум, но помеѓу Превалец и Млекар кој е 8-ми има цели 4 бода предност. Досега се одиграни 26 кола а до крајот остануваат уште четири. 

Во последните две кола во оваа конкуренција  во 25-тото играно минатата среда,  Превалец победи во гости во Гевгелија против Кожуф со 1:0 а во градското дерби Бабуна го победи Илинден  исто така со 1:0 Во следното 26-то  коло одиграно во саботата   Илинден по обичај дома загуби од  Варош од Прилеп со 1:0 а Превалец победи со 2:0 против Младост Кривогаштани, додека Бабуна на гостувањето во  Росоман славеше со  4:1

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »