речник контакт

Трето авионско прскање против комарци во Општина Чашка, вторник 18 август

Авио прскањето ќе биде во терминот од 5 до 7 часот

Петар Печков

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на дезинсекција на подрачјето на Општина Чашка, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Чашка го издава следното Известување:  

Општина Чашка ја известува јавноста дека на ден 18 август  (вторник) во раните утрински часови од 5 часот до 7 часот на територијата на Општина Чашка со широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови ќе се врши третата дезинсекција на населени места и јавни површини на подрачјето ан Општина Чашка за 2026 година со авиот третман за заштита од комарци 

Со Авиотретманот ќе бидат опфатени следните населени места:
1 Населено место – Населба Чашка + низводно на река Тополка
2 Населено место – Мелница + низводно на река Мелничка
3 Населено место– Лисиче, Голозинци, Еловец (оризови насади) –низводно на река Тополка
4 Населено место – Раковец (Општинска депонија)
5 Населено место - Отиштино и Бањица
6 Населено место – Извор + низводно на река Изворчица
7 Населено место – Владиловци, Смиловци + низводно на река Изворчица
8 Населено место – Стари Град, Врановски Анови + низводно на река Бабуна и Изворчица

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, заради можноста од влијание на средството со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Во случај на променети временски услови (врнежи, ветер) авио-прскањето ќе се изврши првиот нареден ден во истиот временски период, кога ќе се создадат поволни временски услови.


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »