речник контакт

Трето место за оркестарот од ОУ Васил Главинов

Републички натпревар на младински и детски оркестри во Велес, со учество на 35 оркестри и 900 натпреварувачи

Петар Печков

ОУ Васил Главинов од Велес под диригентство на Веселинка Маџарова Андова  го освои трето  место  на Републичките натпревари на детски и младински оркестри. Велешани се натпреваруваа во   детски оркестри, каде  победија учениците од   Даме Крапчев  од Скопје   а втори  беа  учениците од Св. Наум Охридски од Пештани. 

Кај младинците победи Гимназијата Јосип Броз од Скопје пред  Св. Климент Охридски од Охрид и  Ацо Русковски од Берово.  Учествуваа   35 оркестри со 900 натпреварувачи. Се свиреа дела на  Шуберт, Моцарт, но и македонска народна класика.  Организаторот, Здружението на музичари од Велес се надеваат дека манифестацијата  ќе прерасне во фестивал на музиката.

Сметам дека на училиште треба да има повеќе часови по музичко воспитување, повеќе да се свири, да се пее. Ако физичкото воспитување е храна за телото, музиката е храна за душата из тоа треба да ја има повеќе – рече проф. Анкица Витанова советник за музичко воспитување. Ова беше втор Републички натпревар  на младински и детски оркестри.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »