Петар Печков
Објавено: недела, 23 март 2014
На меѓународниот ликовен конкурс ,,Зелен свет околу нас,, кој го организираше училиштето Љубен Каравелов од Видин Бугарија и Министерството за образование на Република Бугарија, награда освои и ученичка од Горно Оризари. Аделиса Хасан Кицара од петто одделение од ОУ Рајко Жинзифов го сови третото место во категоријата на ученици од 6 до 11 години.
Таа оваа награда ја освои за цртежот „Зачуваj не уништуваj“. На овој натпревар учествувале 463 деца од 12 држави, Литванија, Италија, Шпанија, Романија, Индија, Македонија, Јужна Кореја, Хрватска, Србија, Полска и домаќинот Бугарија.
Учесниците се натпреваруваа во три возрасни категории од 6 до 11, од 12 до 15 и од 16 до 19 години.
Tweet |