речник контакт

Три нови автобуски линии кон Скопје ќе ја намалуваат гужвата во автобусите

Со нив треба да се намали гужвата во утринските часови за на работа во Скопје

Петар Печков

Велес доби три нови автобуски линии на последната јавна распределба која се одржа во Министерството за транспорт и врски. Со нив треба да се решат гужвите  кои ги има на   автобуската станица во градов, поради големата фрекфенција на патници кон Скопје.  Во ударниот термин од 6 до 8  во Велес се распределени сите три нови линии,   две на ,,Бабуна превоз,, и една на ,,Струмица експрес,,.

Превозниците добиваат и термини со кои нивните автобуси ќе поаѓаат и од автобуската од Скопје во попладневните часови,  поточно за враќање  кон Велес.  Така новите автобуски линии наутро кон Скопје  на ,,Бабуна  превоз,, тргнуваат во 6,30 и 6,55 часот и  се враќаат од Скопје во 16,50 односно 17,20 часот и на превозникот „Струмица експрес“ со поаѓање од Велес во 07,45 часот и враќање од Скопје во 17,10 часот.

Аплицирањето за автобуски линии и нивната  распределба се спроведоа по електронски пат, согласно Законот за превоз во патниот сообраќај и критериумите од Правилникот за одобрување на нови линии. Очекуваме дека гужвите во утринските часови на овие три града, но новиот засиле автобуски возен ред, ќе бидат минато – изјавија од Министерството за транспорт и врски. 

Оваа распределба доаѓа по бројните реакции на патниците, најчесто вработени од овие градови кои поради големиот број патници не можеа да се качат на автобусите и стигнат  на време на работните места во Скопје. Новите автобуски линии започнаа да функционираат од први ноември.

При неодамнешната акција на Државниот инспекторат за транспорт, на патарината кај Велес, во понедeлник наутро шест автопревозници  кои сообраќаа кон Скопје, беа казнети со по 500 евра оти имаа поголем број на патници од дозволениот број. Во некои автобуси ги имало и по 14 лица повеќе.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »