Петар Печков
Објавено: недела, 03 април 2022
Изминатите 24 часа во велешко има три нови случај со кoвид-19, а оздравени се двајца пациенти. Со ова бројката на активни случаи е 36 лица. Починати во велешко нема.
Денес, недела во двете ковид одделенија од велешка Болница, згрижени се девет пациенти, исто колку и вчера. Hа Инфективно се хоспитализирани тројца а на Интерно се шест пациенти. Нема ниту ново примен ниту испишани.
„Тројца пациенти се потврдено позитивни, непотврдени случаи нема а негативни се шест но со потреба од болнички третман“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |