речник контакт

Три велешанки обезбедија пласман на ЕП во карате во Гвадалахара, ама Карате федерацијата побара сами да си го платат патот и престојот

Во Гвадалахара треба да учествуваат Арсовска, Алексовска и Гашева

Петар Печков

Три велешанки, членки на карате клубот Гладијатор од Велес,  изминатиот викенд на плеј-оф турнир за сениори обезбедија места во репрезентацијата на Европското карате првенство во Гвадалахара, Шпанија,за сениори кое ќе се одржи  од 22 до 26 март.

Тоа се Мартина Арсовска во кати и женскиот ката тим на КК Гладијатор, во состав Арсовска заедно со Александра Алексовска  и Теа Гашева. 

Мартина Арсовска беше учесник на СП во У21 во карате кое на почетокот на февруари се одржа во Коња Турција. 

По денешната одлука на Извршниот одбор на  Карате федерацијата со која учесниците треба сами да ги сносат трошоците за патување и престој во Гвадалахара Шпанија, додека федерацијата ја плаќа котизацијата, останува отворено дали тие ќе отпатуваат. Или во пари тоа е 54.560 денари од учесник.

КФМ објасни дека откако ќе добие средства од Агенцијата за млади и спорт подеднакво ќе ги рефундира на сите учесници на првенството.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »