Петар Печков
Објавено: петок, 07 февруари 2020
Викендов во Будимпешта Унгарија се одржува Европското првенство во карате, во младински категории. Меѓу 52-те земји учеснички се и македонските репрезентативци, 34 на број.
Во оваа селекција се и три млади велешанки Теа Гашева, Андреа Алексовска и Мартина Арсовска. Тие ќе настапат во кати во јуниорска конкуренција. Гашева и Арсовска се ученички во Гимназија а Алексовска во ОУ Васил Главинов и се членки на карате клубот Гладијатор од Велес.
На ЕП настапува и Георги Бановски во кати поединечно во У-21. И тој е член на КК Гладијатор.
Според извршената ждрепка македонските репрезентативки во кати се во група со селекциите на: Србија, Унгарија, Русија, Франција, Италија и Лихтенштајн.
На ова ЕП во младински категории во Будимпешта како судија учествува и велешанецот Боби Војдиновски.
Tweet |