речник контакт

Три викенд вечери во Велес со кино на отворено и Фестивал на храна, во Младински парк

Ќе се прикажуваат три анимирани филмови кои се синхронизирани на македонски

Петар Печков

Викендов Велес ќе живее со вкусот на добрата храна, ќе се одржи второто издание на  VELES STREET FOOD FESTIVAL. Од вечерва  петок,  до недела во Младински парк со почеток од 18 ч. до полноќ музика и штандови со  храна.   Секоја вечер со познати ДЏ кои ќе ги забавуваат гостите.  

Истовремено со почеток од 20ч. на истиот простор, Младински парк три вечери ќе се прикажуваат цртани филмови во кино на отворено.

За петок е најавена „Таинствената шума“. Филмот го следи Анџело, десетгодишно дете кое сонува да стане истражувач и зоолог. Кога оди да ја посети баба си, неговите родители го оставаат на одморалиште, и тој решава да продолжи низ шумата во потрага по нив.

Сабота „Клинци каубојци“ .Две сирачиња од Ирска тргнуваат на возбудливо патување со воз до Њујорк за да го сретнат својот вујко и да го побараат неговото наследство. Додека да станат пријатели со гувернантата која се грижи за друга група деца, тие се соочуваат со ненадеен напад од бандити.

И за в недела „Хокус покус, диплодокус“.  Диплодокус е мал, љубопитен диносаурус чии родители исчезнале под мистериозни околности. Тој живее во стрип направен од потценетиот уметник Тед. Поттикнат од неговиот издавач дека неговиот стрип го кочи, Тед ја зграпчува гумата за бришење... Диплодокус открива дека може да се телепортира од стрип во стрип кога ќе запознае волшебник и еден необичен научник, со кои тргнува во неверојатни авантури. 

Проекциите се бесплатни а сите три филма се синхронизирани на македонски.  Претходно младите ќе имаат можност да играат кино гејминг  РЅ5.  

Овие содржини се дел од  манифестацијата Велешко лето.

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »