Петар Печков
Објавено: петок, 23 февруари 2018
Градскиот Базен е во лоша состојба а за неговото користење, со години не се плаќало закуп. Поради аво градоначалникот Аце Коцевски најави дека ќе биде раскинат договорот. Но и ќе се испитува дали овој рекреативен објект може налето да прими капачи и да работи. Општината од закупецот побарува 40 илјади евра.
Од 2015-та до 2018- та, до денес Општината не добила закупнина со субјектот со кој е склучен договорот, освен 130 илјади денари кои се платени лани а се однесуваат за 2015-та година. Закупецот не плаќал со години а општината не го раскинувала договорот. Вкупниот долг е 2,4 милиони денари па и да се активира хипотеката, општината не би се израмнила. Зошто не е реагирано толку години и се трупал долг не знам. Состојбата со Базенот е толку лоша, што таму сега е не е безбедно да се склучи догвор со друг субјект и да му се даде да го стопанисува. Дилема е дали велешани да имаат летово базен за рекреација со можност да се случи хаварија со тешко повредени, затоа ќе правиме целосна анализа за состојбата таму и за партерното уредување и за коритото. Потоа ќе одлучиме дали ќе го санираме до почетокот на пливачката сезона. Ако е можно ќе се изнајми на друг. Ако постои опасност по капачите, ако е голем дефектот, годинава може и да паузира, за да се санира. Дадов налог да се раскине договорот а ќе го изнајмиме само ако биде безебден за капачите - рече Коцески.
Tweet |