речник контакт

Три години затвор за возачот кој излета со автобус со туристи кај Велес

Возачот Николовски го призна делото. Во сообраќајката починаа двајца патници, 13 беа тешко повредени а 12 имаа телесни повреди

Петар Печков

Скопјанецот Ацо Николовски (50 год)  доби три години затвор за сообраќајката која се случи пред две гони, на Пуста Кула близу Велес. Тој во Основниот суд во Велес го призна делото за кое се товареше,  ,,тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот,, по што беше прогласен за виновен. Нему му се закануваше максилана казна завор од пет години, но по признанието доби три, исто толку години забрана за возење на автобус. Тој  пред полната судница, каде имаше дел од повредените во несреќата, изрази жалење и каење за стореното.

Им се извинувам на сите оштетени. Јас како долгогодишен возач сум учен да превезувам патници, да стекнувам пријателства на патувањата,  не како што се случи попладнето, да ги изнесувам повредени од автобусот. Го признавам делото и од морални и од етички принципи  - рече Николовски. 

Обвинителката Аделина Станинова пак кажа дека јавноста не ќе може да слушне што се случувало попладнето во критичните моменти.

Поради признанието на вина, нема да бидат сослушани сведоците, кои ќе кажеа низ какви трауми минеа тогаш, минат сега и ќе минат, оти тешко ќе го заборават настанот -рече Станинова. 

Сообраќајката се случи на  20 август 2017 година, околу 18,50 ч.  кај месноста ,,Пуста Кула,, на делницата од автопатот Велес - Скопје,  кога  автобус марка „неоплан“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на компанијата „Бус травел“ – Скопје, на околу 4,8 километри по наплатната станица Отовица излета од автопатот. При тоа две лица од здобиените повреди брачниот пар велешаните Борислав и Нада Поп Николови  починаа, 13 лица  беа тешко повредени а 14  се здобија со телесни повреди.  На судењето беше кажано дека осумгодишното девојче, на кого поради тежина на повредите и се заканувало да и биде ампутирана раката, докторите успеале да ја спасат.  Патниците се враќале од одмор од Грција.  

Според обвинението до сообраќајката дошло  оти  возачот на автобусот  не се движел по средината од коловозната лента на која се наоѓал и не ја држел страната и правецот на движење. Започнал да се движи во лево, преминувајќи на левата коловозна лента, по што излегол од коловозот и удрил во заштитната метална ограда и  се превртел на левата бочна страна. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »