речник контакт

Три години затвор за камионџија кој усмрти велосипедист, осум месеци затвор за за сообраќајка со еден починат и шестмина повредени

Пресуди на велешки суд

Петар Печков

 Во две одвоени пресуди на Основен суд во Велес, изречени се две пресуди кои не се правосилни.  И во двата случаи осудени се за кривичното дело,, тешки дела против безбедноста на луѓето,,.  

Кавадарчанецот Драган Тренчев (68 год)  доби  осум месеци затвор  за сообраќајка во која имаше еден починат и  шестмина  тешко  и полесно повредени.  Сообраќајка се случи на  14 април 2014-та година,  на автопатот, делница  Велес - Градско  околу 16,45ч. во близина на селото Виничани.  Тренчев управувајќи го комбето марка ,,рено трафик,, излетал од автопатот и завршил во ендек полн со вода.  

Сите шест лица се враќале од работа од  Тетово, дома за Кавадарци.   Едното од лицата кои се повредени,  Григорчо Грижев подоцна поради тежината на здобиените повреди   починал на скопските клиники.  Возилото кога се случила сообраќајка било со брзина од 93,7 км/ч.

Според обвинетиот Тренчев возилото тој ден било на сервис во Скопје за поправка  околу моторот и ненадејно, во текот на возењето изгубил контрола, тоа завртело  на десно, не можел да го исправи и отишло во ендекот полн со атмосферска вода.  Дел од патниците излетале од автомобилот додека се тумбал, меѓу нив и  починатиот.   

Илија Проданов ( 37 год) од Негорци - Гевгелија, доби  три години затвор за сообраќајка која загина велосипедистот Ризо Георгиев (51 год). Обвинетиот возел со 2,12 промили алкохол во крвта и со неисправен камион, покажале вештачењата. Несреќата се случила на 17 март 2013-та година околу 19,45ч.  

Проданов возејќи камион марка ,,мерцедес,, се движел по регионалниот пат  Гевгелија село Негорци, и близу мотелот  ,,Марс,, не го забележал Георгиев, кој возел велосипед по десната страна од коловозот, го удрил со камионот и од здобиените тешки  повреди   починал на лице место.    Проданов го напуштил местото на несреќата, оти тој тврди дека не го видел велосипедистот во мракот.  

Освен три години затвор, на обвинетиот му е одземена возачката дозвола за,,Ц,, категорија, во траење од две години, период кој не влегува во  издржувањето на казната затвор. Проданов се бранел дека високиот степен на алкохол во крвта е поради тоа што вечерта по несреќата, за која не знаел, излегол со сопругата и во кафич испил 6 дупли коњаци.  

Вештите лица ова го отфрлиле, со образложение дека  во моментот кога се земени мостри од крвта тој бил во  фаза на ,,тешко пијанство,, и дека со математички пресметки алкохолот не е испиен во периодот кога обвинетиот тврди, туку претходно и во таква состојба како професионален возач, го управувал камионот. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »