речник контакт

Три години затвор за нудење поткуп кон двајца полицајци

Обвинетиот негира дека нудел пари, одбраната најавува жалба

Петар Печков

Велешанецот Ибраим Демиров (30 год) доби три години завор затоа што на двајца полицајци им нудел пари за поткуп. Во Основен суд Велес тој беше прогласен за виновен  за кривичното дело „давање поткуп“. 

Според обвинението на  13 мај, при преглед кај обвинетиот , извршен околу 00.50 часот на ул.”Димитар Влахов” во Велес, кај него била пронајдена  поголема сума на пари, по што бил приведен за понатамошна постапка. Во текот на спроведувањето кон Полициска станица Велес, Демиров  им понудил пари на  двајцата полициските службеници за да го пуштат. Откако му било укажано дека со нудењето пари прави друго кривично дело, тој понудил поголема сума петстотини евра, за да биде ослободен“.

Судијката Габриела Гајдова  во образложението на пресудата образложи дека без оглед што обвинетиот не дал пари, со самото тоа што нудел пари, сторил кривично дело. Одбраната најави жалба на пресудата која не е правосилна, оти двајцата полицајци на кои наводно им биле нудени пари, учествувале во натамошната постапка  во  истрага на делото.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »