Петар Печков
Објавено: вторник, 17 јули 2012
Во текот на втората половина на месец декември 2009 година и првата половина на месец јануари 2010 година во вечерните часови во неговата куќа, осудениот врз оштетениот малолетното лице М.Ѓ во четири наврати извршил полово дејствие, силување. Детето го запознал пред обложувалница и од него барал услуги да му ги уплатува ливчињата, така се зближил, по што започнал сексуално да го искористува.
При првиот наврат со употреба на сила и закана со нож го силувал, и заканувајќи му се дека ќе го истепа ако каже некому за тоа што му го правел. Во следниот период тоа го повторил уште три пати, иако детето се спротивставувало и го проколнувало да престане да се изживува врз него. Детето за ова кажало на неговите другари и на училиште, по што случајот полицијата го откри случајот. Врз основа на сведочењата, наодите на вештите лица и докторите, иако Славчо Н. го негирал делото, тој е прогласен за виновен и му е досудена казна затвор од три години.
Tweet |