речник контакт

Три кривични против А.В. градоначалник на Неготино

Сите три кривични поднесени од МВР се за ,,злоупотреба на службена положба и овластување,,

Петар Печков

Полициската станица од општа надлежност Неготино до ОЈО Кавадарци поднесе три кривични пријави против А.В. (54) градоначалник на Општина Неготино, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела “злоупотреба на службена положба и овластувања“. За ова на прес конференција информираше портпаролот   Верољуб Додевски. За поднесените кривични пријави на официјалната страница на МВР, пишува:

Првата кривична пријава е поднесена затоа што пријавениот - во својство на градоначалник на општина Неготино - на 01.06.2014 година склучил договор со веб-портал од Неготино застапуван од П.М., а предмет на договорот било рекламирање во веб-порталот, објавување на огласи и конкурси, објавување на текстови за тековното работење и вршење други услуги од информативен карактер за општина Неготино во времетраење до 01.09.2014 година. По ова, на ден 30.09.2014 година бил потпишан нов договор со истите услови со траење до 31.12.2014 година. За погоре наведените договори општина Неготино на застапникот на порталот му исплатила 84.000 денари  без да спроведе тендерска постапка односно, пријавениот постапил спротивно на Законот за јавни набавки. Исто така и во текот на 2015, 2016 и 2017 година А.В. склучил договори со истиот веб портал застапуван од  лицето М.М. од Неготино,  со идентичен опис на потреби и вршење други услуги од информативен карактер за општина Неготино со што на М.М. вкупно, по основ на спомнатите договори и се исплатени 396.000 денари од средствата на општина Неготино, без да спроведе тендерска постапка, односно спротивно на законот за јавни набавки со што буџетот на општина Неготино бил оштетен за вкупно 480.000 денари.

Втората кривична пријава е поднесена затоа  што пријавениот, по поднесено барање од страна на ДПТУ Рудуна Енергија ДОО од Кавадарци од 14.12.2015 година, до Советот на Општина Неготино за ослободување од плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште (комуналии) за изградба на фотонапонска електроцентрала, издејствувал Советот на општината на 15.12.2015 година да донесе одлука со која се одобруваа барањето на правното лице. Така, правното лице во кое што пријавениот бил и во својство на содружник/основач, спротивно на Законот за судир на интереси, со одлука на Советот на општина Неготино е ослободено од плаќање на надоместок за комуналии во висина од 1.765.000 денари, со што за таа сума е оштетен општинскиот буџет.

Во третиот случај пријавениот А.В. на 13.10.2015 година донел решение со кое го именувал Љ.Д., вработен како одделенски наставник  во ООУ “Страшо Пинџур“ за  в.д.директор на ова основно училиште од Неготино, а согласно чл.135 ст.1 од Законот за образование. Притоа пријавениот, спротивно на член 135 ст.4 од Законот за образование  дури на 20.07 годинава носи решение за престанување на вршењето на должност в.д. во посоченото училиште, спротивно на прецизно нормираните рокови за извршување на мандат на  “вршител на должност“.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »