Петар Печков
Објавено: недела, 23 мај 2021
Во текот на изминатите 24 часа во велешко се регистрирани три нови случаи на позитивни на ковид-19 а еден е оздравен. ова е информацијата од Министерството за здравство. Со ова бројот на активни случаи во велешко е 73 лица а досега биле заразени 5.467.
Почината е една пациентка на 73 годишна возраст од Горно Оризари, позитивна, лекувана три недели во Модуларната Болница. На кислородна поддршка се пет пациенти. Испишани се три пациенти како оздравени со по еден негативен тест - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес . Починатата е 173 жртва во велешко од последиците на корона вирусот.
Во велешка Болница се хоспитализирани 15 пациенти , од кои седум се потврдени позитивни,еден сомнителен и седум пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување поради здравствени проблеми .
На Инфективно се згрижени шест пациенти, на Интерно пет и во Модуларна болница четворица.
Tweet |