Петар Печков
Објавено: четврток, 24 март 2022
Изминатите 24 часа во Велес и велешко има три нови случаи со ковид-19, оздравени како и вчера се пет пациенти. Ова се податоците добиени од Министерството за здравство. Бројката на активни случаи се симна на 26 лица.. Починати лица од велешко нема.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се седум пациенти, двајца повеќе од вчера. Hа Инфективно се хоспитализирани двајца а на Интерно се петмина пациенти.
„Потврдено позитивни се двајца, непотврден е еден и четворица се негативни, но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка е еден пациент “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |