Петар Печков
Објавено: сабота, 11 април 2020
Во Велес изминатите 24 часа беа регистрирани шест нови случаи на заразени со ковид 19.
Според надлежните три од нив биле во врска со починатиот старец кај кого вирусот беше констатиран после смртта, еден со случај Клинички во Скопје, еден со Шумско стопанство Бабуна и еден со лице старец кое е на лечење во Скопје.
Едно од ново заболените лица од Велес, кое припаѓа на кластерот на старецот кој почина, бил на лекување на Клинички во Скопје.
Претходно од ЈЗУ Општа Болница информираа дека едно од лицата, првиот случај кој беше префрлен на лекување на Инфективна клиника во Скопје а вработен во Шумско стопанство е излекуван.
Tweet |