Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 мај 2023
Викендов се одиграа последните четири кола во Првата пингпонгарска лига на Македонија. Велешки ППК Борец ТИМ одигра три средби и забележа исто толку порази.
Во саботата загубија со 2:4 до Дебар маало тим кој е пониско пласиран. Во неделата забележаа два порази од по 1:4 од Вардар од Скопје кој е второ пласиран и од Астраион до Струмица кој е трето пласиран.
Сите натпревари се играа во Спортскиот центар "Борис Трајковски" во Скопје. ППК Борец го има обезбедено опстанокот во првата пингпонгарска лига, па екипата не настапила со првиот состав.
Со овие натпревари не е завршена сезоната за ППК “Борец-Тим”, ги очекуваат уште два меѓународни турнира, крајот на мај во Пожаревац, Србија и почетокот на јули во Лерин, Грција.
фото архива
Tweet |