речник контакт

Три превентивни активности на различни теми за граѓаните на Велес

Полицијата ги едуцирала граѓаните за семејното насилство, техничката исправност на возилата, да не се користи мобилен додека се управува возило

Петар Печков

Три превентивни активности на различни теми, изминатите денови реализирале  полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес.

Првата е на тема „Има помош за живот без насилство“. Преку непосредна комуникација, граѓаните биле информирани за појавите на семејно насилство, како и за нивните права и мерки за заштита при постоење на некои од облиците на семејно насилство. Со граѓаните се  споделени постапките и процедурите при појава на такви случаи и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој, при што им било потенцирана важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство.  Во рамки на превентивната активност биле поделен печатен материјал со едукативни препораки, со цел подигнување на свеста за безбедност. 

Втората е под мотото „Возете безбедно-со технички исправно возило“. Целта на активноста била да се подигне степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент бил ставен на потребата за редовно одржување и техничка исправност на возилата како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот.

Реализирана е трета превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“. Во непосредна комуникација на возачите им било укажано за опасностите од користење мобилен телефон при управување возила. Целта на активноста е да се влијае на подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот и нивото на сообраќајна култура во насока на намалување на бројот на сообраќајни незгоди.  Бил поделен печатен едукативен материјал, изработен во соработка со РСБСП и Факултетот за безбедност Скопје.

фото МВР

АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »