речник контакт

Три седмици жителите на Караслари без вода за пиење

Нерасчистените имотно-правни односи, вистем без стопан, придонесоа 600 жители да бидат без вода за пиење

Петар Печков

Жителите на велешкото село Караслари дваесет дена се без вода за пиење. Нерасчистената имотно –правна состојба со водоводот кулминира, па сега  шестотини жители се снабдуваат од селските чешми, чија вода е неисправна, и ја превриваат.  Водоводниот систем  подолго време не е одржуван и  не функционира,  поради неплатени сметки исклучена е струјата за негова работа. Сето ова кулминира, селото три седмици без квалитетна вода за пиење.

 Колку време укажувавме на проблемот, но се нема слух тој да се реши.  Треба ли некоја заразна болест да удри, па да се реши нашиот проблем. Три години бараме општината да ја спроведе одлуката на Советот, водоводот да се префрли на управување на ЈКП Дервен. Така ќе имаме стопан а не вака, некои соселани да се користи пречистена вода за поливање а да  плаќаат минимална цена, други да одбегнуваат  воопшто  да ги платат сметките  – велат жителите на селото Караслари.

Тие изминатите месеци и во други периоди од годината тие немале со денови вода за пиење. Морале да плаќаат во неколку наврати заостанати долгови, дел од парите кои ги собрале ги снемало. Сето тоа кулминира овој период, кога селото е со недели без вода за пиење.

Правиме се овој проблем да го решиме во интерес на жителите  на селото. Трафостаницата од каде земаат струја е приватна а таму имаат долг, кој се согласија да го плаќаат на рати. Имаат и долг кон фирмата која го поправала водоводот. Електричното броило ќе го префрлиме на  општина Велес, а со ЈКП Дервен договорено е да се заврши постапката за преземање на водоводот. Така конечно ќе се реши проблемот на жителите на Караслари – вели Горан Петров, градоначалник на општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »