Петар Печков
Објавено: четврток, 05 март 2026
За осум часа во Велес пријавени три случаи на семејно насилство. Во еден случај сторителот бил пијан, во вториот два пaти помлaдиот вонбрачен партнер бил агресивен кон партнерката а во третиот свекорот, свекрвата и сопругот ја нападнале снаата и сопруга
„На 5 март во 00:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 26-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани на неговата 22-годишна поранешна партнерка. При преземање мерки и извршени проверки, било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно кај него биле измерени 1,29 промили алкохол во крвта“
„На 4 март во 17:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 28-годишник од велешко село, постапувајќи по претходна пријава дека во домот агресивно се однесувал и се заканувал на неговата 46-годишна вонбрачна партнерка“.
Во двата случаи сторителот бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава против двете лица.
„На 4 март во 18:20 часот во СВР Велес, 36-годишна велешанка пријавила дека по претходно недоразбирање со нејзниот сопруг, со кој биле во бракоразводна постапка, во домот дошле родителите на сопругот и по вербална расправија, нејзинот свекор со употреба на сила ја извлекол до ходникот и побарал да ја напушти куќата. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и се преземаат мерки за расчистување на настанот“
| Tweet |




