Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 септември 2024
Вчера, недела, доцна навечер две сообраќајки со тешко повредени лица, се случиле во кавадаречко и неготинско, со тешко повредени лица.
„На 15 септември во 22.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип Неготино, патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(27 год) од Кавадарци, излетало надвор од коловозот“ – соопштија од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Д. и неговиот сопатник Х.С.(18 год) од Дреново, Кавадарци, констатирани во Општа болница Велес.
„Во 23.30 ч пред полноќ,се донесени во ургентна единица при ЈЗУ Општа болница Велес две лица од машки пол,со повреди здобиени по сообраќајна несреќа. По укажана итна медицинска помош се упатени кон оддел за радиодијагностика На Х.С. му е направена компјутерска томографија на цело тело, на Б.Д компјутерска томографија на абдомен Кај Х.С се констатирани повреда на глава,како и на граден кош и фрактура на прешленско тело. По медицинскиот третман од страна на дежурната екипа и поради тежината на повредите повредените се префрлени на Ургентен центар во Скопје“ – соопшти Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.
„На 15 септември во 22 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци - село Возарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.Б.(19 год) од село Дебриште, кавадаречко, и патничко возило „пежо “ со битолски регистарски ознаки управувано од 40-годишна М.В. од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во патничкото возило „пежо“, Л.В.(73 год) од Битола, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник во патничкото возило „пежо“ и возачот на патничкото возило „пасат“, констатирани во болницата во Кавадарци“ – информираше Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
„Неделата после полноќ, 15 септември во 00.45 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на крстосницата од ул. „Индустриска“ и локалниот пат за село Курија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.В.(34 год) од село Возарци, кавадаречко и мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Виничани, општина Градско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мотоциклот од село Виничани, констатирани во Градската општа болница Кавадарци, додека со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот“ – дополни Ѓаковска.
Tweet |