речник контакт

Три сообраќајки за три часа, со петмина повредени и пет оштени автомобили

Меѓу повредените Германецот Петер Рау добитник на ланското Почесно Рационово признание

Петар Печков

Претпладнево три сообраќајки на приодите од Велес, со петмина повредени и  пет оштетени возила.

Првата се случила во 7,20 часот по наплатната рампа Сопот од автопатот на релација Скопје Велес, кога автомобилот Форд Фокус изгубил контрола и излетал од патот , се превртел а возачот Б.Д ( 34 год) од Велес поминал со полесни телесни повреди. 

Втората се случила исто така на автопатот но во правец Велес – Скопје, кај наплатна рампа езеро Младост во 7,30часот. Таму сериски се удриле три  возила фиат сеченто управувано од З.П. ( 43 год) од Скопје и фолсваген голф таблички управувано од Ѓ.Д. ( 44 год) од Скопје. Тие се удриле еден во друг.

Третата сообраќајка се случила кај Ново село на релацијата Велес – Штип во 9,40 часот, при што мерцедес управуван од германскиот државјанин  Петер Рау удрил во автомобилот мазда управуван од Г.М. ( 45 год) од Свети Николе. И двајцата поради здобиените повреди се префрлени во велшката болница.

Според зборовите на д-р Филип Тодорвски сите петмина пациенти се добри и сите по нивно барање се пуштени на домашно лекување.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »