Петар Печков
Објавено: четврток, 05 март 2020
Средата во период од четири часа, сообраќајната полиција контролирала дали возачите ги почитуваат сообраќајните прописи. Во овој период по велешките улици сторени биле само три прекршока.
Средата на 4-ти март во периодот од 9 до 13 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возила и возачи. Притоа, биле констатирани 14 прекршоци, од кои три во Велес, девет во Кавадарци и два во Неготино - соопшти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Нема информација за каков прекршок станува збор. На затоа се додава дека на лицата им биле изречени соодветни казни.
Tweet |