Петар Печков
Објавено: петок, 30 октомври 2009
Општина Велес во наредните четири години со поставување на три споменика на тројца значајни македонски дејци ќе ги одбележи јубилејните години на Џинот, Димитрие Чуповски и Петар Поп-Арсов.
Советот на општина Велес со цел афирмирање на културно-историското минато и дејците кои твореле во градот и сочувување на културно историскиот идентитет донесе одлука за подигање на споменици три личности кои го задолжиле градот и Македонија.
Во 2011 во близина на новата театарска зграда ќе биде поставен споменикот на Јордан Хаци Константинов Џинот со што ќе се одбележат 190 години од неговото раѓање и 130 години од смртта на основоположникот и основачот на драмската уметност во земјава и на првото класно училиште во Македонија. За 2013 кога ќе се навршат 135 години од раѓањето на Димитрие Чуповски е планирано да се постави споменик на неформалниот основач на МАНУ кој борбата за Македонија ја водел на културно поле во Русија. Во истата година е планирано да се подигне споменик на Петар Поп Арсов револуционер, автор на првиот устав на ТМОРО. Сите овие три споменика ќе бидат изработени од бронза или мермер а комплетно ќе бидат финансираи од локалниот Буџет, донации и спонзорства. Локалната власт реши скулпторските дела кои изминатите години се создавани и во иднина ќе се створат на колонијата „Папрадиште“ да ги постави на јавно-прометните површини, на очите на јавноста. Со предлог програмата предвидено е да се постават и скулптури на видрата – маскота и афионот заштитниот знак на Велес. Исто така во план е и поставување на биста на првоборецот- партизан од НОВ Шефки Сали а по барање на граѓаните од ромската националност.

Tweet |