Петар Печков
Објавено: вторник, 13 февруари 2018
Министерството за култура ја објави годинашнава програма. Со неа Центарот за култура и уметност ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, како што му е насловот, е поддржан со три претстави. Тоа се „Лисистрата“ од Аристофан во режија на Еременецот Хакоб Казанчјан, ,,Ревизор“ од Гогољ во режија на Јани Бојаџи и ,,Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Венцислав Ристов.
В.Д. директорот Младен Крстевски најави дека годинава публиката ќе види уште шест други претстави работени од сопствен Буџет. Веќе е започната работата на претставата ,,Кралски копилиња,, по текст и режија на Сашо Димоски и детската претстава ,,Заспаниот Супермен,, во режија на Младен Крстевски. Крстевски најави дека ќе работат две претстави според текст на Југослав Петровски ,,Салома,, во режија на Благојче Божиновски и ,,Елешник,, во режија на Елеонора Теова. Во план е и ,,Госпоѓа министерка,, на Нушиќ во режија на Софија Ристевска и уште една детската претстава за крајот на годината.
Претставата „Лисистрата“ од Аристофан во режија на Еременецот Хакоб Казанчјан, ќе има премеира на локалитетот ,,Стоби,, каде ќе се одигра и ,,Кралски копилиња,, по текст и режија на Сашо Димоски.
Tweet |