речник контакт

Триесет дела на конкурсот за премиерен текст за новиот велешки театар

Премиерата би се очекувала на крајот на октомври до средината на ноември

Петар Печков

Заврши конкурсот за текст по кој ќе биде одиграна првата претстава во новиот велешки театар. За истиот имало голем интерес меѓу македонските автори и до крајниот рок 20 август се пристигнале  повеќе дела.

Според тоа колкав број на текстови стигнаа, можам да кажам дека имаше голем интерес. Стигнаа точно 30 текста. Комисијата ги доби делата, сега ги чита, разговара, разменува мислења  Нејзината одлука ќе ја соопшти на прес конференција на  почетокот од септември, на 5-ти. Бројката од 30 дела е релативно, може и  да значи и не, зависи од тоа што авторите понудиле како текст, како идеја. Би било добро да имаме повеќе квалитетни за да еден се постави како премиера а за другите да разговараме за во иднина   – изјави директорот на велешкиот театар Јордан Витанов.

Жирито е во состав претседател  Васил Зафирчев како уметнички директор на фестивалот, членови Александар Ѓоргиев, Зоран Љутков, Ненад Витанов, Петар Темелковски. Наградата за авторот кој ќе победи на конкурсот е 500  илјади денари.

Директорот Витанов  рече дека во зависност од карактеристиките на текстот ќе одлучат кому да го понудат да го режира. Витанов се надева дека во септември ќе почнат пробите за таа претставата и оти премиерата би се очекувала на крајот на октомври па до средината на ноември.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »