речник контакт

Триесет нови случаи на ковид-19 во велешко, десет оздравени пациенти

Активни се 243 случаи во велешка Болница се згрижени 34 пациенти

Петар Печков

Билтенот на Министерството за здравство за денес, петок  е дека во велешко има 30 нови случи на лица позитивни на ковид-19 и десет   оздравени пациенти.

Со тоа активни се 243  случаи  а досега се заразени 3.551  лица.  Од  последиците на корона вирусот, досега починале 112  лица од велешко.

Од велешка Болница информираа дека кај нив се згрижени 34 пациенти,  од нив 27 се на Инфективно одделение и седуммина на Интерно. Од  лежечките пациенти  22 се потврдено позитивни, двајца се  сомнителни и десет  пациенти се со негативен тест но   задржани на болничко лекување.  На кислородна поддршка се единаесет   пациенти. Испишан е еден пациент како оздравен со  еден  негативен тест.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »