речник контакт

Тринаест години затвор за убиството во Виничани, кога обвинетиот со автомобил го прегазил соседот

Неговите брантелите најавија жалба на пресудата

Петар Печков

Обвинетиот Саше Крстев (26 год) од село Виничани доби 13 години затвор за кривичното дело убиство.  Судијата Шефшет Адеми како претседател на кривичниот совет,  донел одлука  и ја потврдил правната квалификација на ОЈО Велес за убиство, додека одбраната сметаше дека Крстев сторил сообраќајна несреќа со смртни последици.

„Со ниту едно дејствие приложено како доказ, обвинетиот не презел акција на кочење со автомобилот, кога го удрил сега покојниот. Од здобиените повреди тој починал на лице место“ – кажа судијата Адеми, образложувајќи ја одлуката.  
Настанот се случи лани на 19 јули, околу  15 ч. кога по меѓусебна расправија заради водоводна цевка,  на сега починатиот  Ангел Цековски (43 год) и таткото на Саше, тој со автомобил марка  „фиат панда“ налетал директоно  на Ангел и го усмртил на лице место.

„Обвинетиот  го насочил возилото, не закочил и директно удрил во сега покојниот Цековски. Во моментот кога го сторил делото, бил пресметлив, управувал со своите постапки. Намерата да го лиши од живот починатиот била јасна бидејќи завртил кон лево, за да га избегне татка си  и го удира Ангел“ – кажа обвинителката Анастасија Миланова.

„Се вратив од работа во 14,30, ручав и мајка ми ми даде пари за да одам до Градско и купам  водоводна цевка за во поле. Кога тргнав по улицата, после 15 метри ги здогледав сега покојниот Ангел и Гоце како со дрво во рацете стојат над татко ми. Сите тројца беа среде улица, која е широка околу 3-3,5 метри. Се уплашив и со автомобилот свртев лево, бев во паника. Тој момент со десната страна од автомобилот го удрив Ангел. Како дојде до сето тоа не знам.  Од десната страна на патот има брег а од левата ограда од семејна куќа. Немав намера да го лишам од живот, ниту постоеше причина да го сторам тоа. Не знаев што претходно се случувало“- кажа во своја одбрана младиот Крстев.

Неговите брантелите адвокатите Коста Нојков и Борче Стојанов, најавија жалба на пресудата.

„Крстев возел по улицата и ако закочел, ќе удрел во групата која е по средината и сите ќе ги прегазени. Истовремено сега покојниот Цековски, излегува од групата која е среде улица и бива удрен од возилото, кое звртело кон лево. Сето ова трае делови од секунда  и е непредвидена животна ситуација, поединец во сплет на несреќни околности“ – кажа адвокатот Коста Нојков.

„Во обвинението пишува дека делото е сторено со многу голема брзина, која никаде не е прецизирана, конкректизирана.  Вештакот вели дека обвинетиот возел со 80 км/ч. Како е можно да се постигне таа брзина, на улица која е со бехатон подлога,  на кратко расоајание од дома, со возило „фиат панда“ – рече адвокатот  Борче Стојанов.

Сопругата на сега покојниот Ангел, кажа дека нејзиниот сопруг оставил зад себе три деца сираци на 13,11 и 7 години.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »