Петар Печков
Објавено: недела, 27 мај 2012
Интересни трки, многу скокови и падови, виде илјадната публика на патеката покрај езерото Младост на денешната трка на ен-дуро мотори. Таа беше прва од годинешниот календар на која учествуваа педесетина мотористи од осум клуба. На патеката која беше специјално подготвена, со вештачки поставени препреки од автомобилски гуми, камења, песок севкупен победник е Мото Велес пред Мото спринт од Битола.
Во сите четири категории победија велешани. Во Е-1 прв беше Драган Ванов, во Е-3 Горан Тасиќ, во Т-1 Виктор Ефремов сите членови на Мото Велс, додека во Е-2 победи велешанецот Тошев Валентин кој настапува за скопскиот мото клуб Брз круг. И покрај мноштвото падови и откажување поради дефекти на моторите, таа мина без сериозни повреди . Организатор на трката беше мото клубот ,,Мото Велес,, од Велес.
Tweet |