Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 јуни 2022
Неделата попладне се одржа Трка за Рацин, на која учествуваа околу 250 учесници. Та е дел до содржините за чествување на годишната од погибјето на поетот и револуционер Коста Солев Рацин. Имаше натпреварувачи од повеќе македонски градови, но и од Врање соседна Србија. Се трчаше на 5 и 10 км.
Кај жените 10 км победи Билјана Кираџиева со време од 36:25, пред Маја Рајчина 42:21 и трета беше Елена Димитровска 43:13. Кај мажите на 10 км победник беше Јован Костовски со истрчани 32:41, пред Мартин Трајановски 32:42 и Кокан Ајановски 33:11. На покусата патека од 5 км кај жените победи Теа Божиновска со постигнати 20:09, пред Марија Остојчиќ 20:42 и Марија Ристиќ 21:25. Кај мажите победник е Атанас Епов 15:26, пред Миле Бачевски 15:42 и Григоријан Никовски 16:08.
На трката од 5 км учествуваа и градоначалникот Марко Колев кој со истрчани 30:34 беше 71 и претседавачот на Советот Зоран Љутков кој беше 87 со 33:43.
Стартот беше од пред споменикот на Рацин во дворот на Гимназијата, се трчаше по улица Благој Ѓорев,до Пошта, па по ул. Алексо Демниевски Бауман, до бензинска на Макпетрол, патеката продолжуваше пред ЕВН по улица Наум Наумовски Борче, кај Панини повторно на Благој Ѓорев.
Патеката беше кружна и долга 1.55 км. Оваа трка се помести од 9-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Велес, за овој период, поради временските услови.
Tweet |