речник контакт

Тркало на автомобил се заглавило меѓу шините на железничкиот премин на мостот Гемиџии

Драмата траеле 15 минути, среќа е што не поминал воз во тој период. Возачот бил во алкохолизирана состојба

Петар Печков

Саботата вечер, на железничкиот премин на мостот Гемиџии, се случил сообраќаен инцидент, кога автомобил се заглавил во шините па морал да биде туркан по пругата за да може да се ослободи. Повеќе детали од информацијата на СВР Велес.

„На ден 13 август . околу 21.25 ч. на ул. Илинденска, на железничкиот премин на „Нов Мост“, патничко возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(42) од Македонска Каменица, поради моменталното невреме и поради тоа што го управувал возилото под дејство на алкохол, заглавил на железничкиот премин. Лицето и патничкото возило се безбедно извлечени“ - информираше Ристе Самарџиев, портпарол на СВВ Велес.

На лицето му е изготвен прекршен платен налог по член 228. став 7 од Законот за безбедноста на сообраќајот.

Според сведоци на настанот, возачот доаѓал до правец на мостот Гемиџии, кога на железничкиот премин се извртел. Некое од тркалата се заглавило меѓу шините. Поради тоа сопственикот на автомобилот, за да го ослободи, возел по пругата десетина метри. Откако тркалото од автомобилот се ослободило, некои од минувачите го туркале да се врати назад  на преминот. Тие велат дека среќна околност е додека траеле драмата околу 15 минути, не поминал воз, бидејчи  можела да се случи трагедија.
 
Од МЖ е констатирано дека е оштетен нагазениот механизам кој ги подига  и спушта безбедносните рампи, поради што денес во еден дел тие не работеа и до пладне екипи на МЖ го отстрануваа дефектот. За МЖ е несфатливо како успеало тркалото од автомобилот, да се заглави меѓу шините, кога истиот премин е  нов модернизиран  и современ.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »