Петар Печков
Објавено: среда, 09 јули 2014
Најдолгиот инструмент во светот е полскиот тромбита. Тоа е дувачки инструмент карактеристичен за планинското подрачје на Карпатите. Полскиот фолклорен ансамбл ,,Истебна,, од малото место деновиве го донесе и пред велешани. Не оригиналот, туку скратената верзија. Од практични причини, не можеше да се транспортира оригиналот.
Тромбита е инструмент кој во нашето место, мајстор го изработи во должина од 11,5 метри. Со тоа стана најдолгиот инструмент во светот. Бидејќи не можевме да го носиме со нас за Велес, дојдовме со пократката верзија од 3,5 метри. Овој инструмент е на овчарите, со кој ги чуваат овците и кравите во овој планински предел. Го има и во Украина, каде продолжуваат Карпатите - рече Тадек Папјежински водач на составот.
,,Истебна, е меѓу најстарите во Полска, основан е 1901-та година. На тромбита свири машко, бидејќи за него потребно физичка снага. Со него се повикуваат соселаните на помош доколку волк или мечка ги нападне стадата, па бара помош кога се во опасност.
Не е тешко да се свири на овој инструмент. Потребно е само силно, снажно да се дува. Стар е околу 300 години. За разлика од рогот во Швајцарија и Австрија тромбита е прав, не е искривен на крајот - рече Јан кој има 20 години а единствен во ансамблот го свири тромбита, и тоа цели 10 години.
Tweet |