Петар Печков
Објавено: петок, 24 февруари 2017
Подолго време дел од улицата Петре Прличко, која води од Автобуската кон Стар мост е ,,окупирана,, И тоа се случува исклучиво во пазарните денови, вторник, петок и недела. На просторот кој по дефиниција е место каде се движат пешаците, во пракса е место каде се поставени тезги. Ако ова до Нова година се случуваше само во недела, кога не работат инспекциите, два месеци тоа е секој пазарен ден.
Што треба да се случи да ни се обезбеди место за нас пешаците. Просторот е освоен од тезги, често и од паркирани автомобили и ние луѓето по улица. Моето прашање е зошто надлежните молчат и толерираат. Кој треба да ги штити нашите права, каде да се движиме, по улица – велат велешани кои пазарат од Градскиот пазар.
Ваква појава имаше и претходните години, а локалната власт знаеше во заедничка акција со полицијата да го ослободи тротоарот. По минатонеделната сообраќајка, кога токму на оваа улица автомобил удри дете на пешачки, револтот на граѓаните се зголеми. Намалената видливост, гужвата која е постојано присутна, беа повод за да е побра решение. Проблемот е познат и за локална власт.
Општина Веле е добро запозната со овој проблем. Инспекциските служби повеќепати биле на терен и ја констатирале состојбата. Симптоматично е тоа што „дивите продавачи“ речиси и да ги нема во деновите вторник и петок, а се појавуваат во недела кога е неработен ден. Општина Велес е во фаза на подготовка на проектот за „Покриен градски пазар“. Со неговата изградба ќе се зајакнат контролите на инспекциските служби и ќе се стави крај на нелојалната конкуренција. Околу безбедноста на пешаците, кои во одредени делови се движат и по коловозот, известен е СВР Велес кои во пазарните денови имаат значително зголемено присуство на полициски службеници во тој реон кои се грижат за безбедно одвивање на сообраќајот – стои во писмениот одговор од Општина Велес, до ТрМр .
Tweet |