Петар Печков
Објавено: среда, 02 ноември 2016
Тротоарот од мостот Гемиџии е со отвор како кратери и е опасен за пешаците. Оштетувањата се сериозни и тие се подолг период присутни. Минувачите кои оттука проаѓаат, не се чувствуваат безбедни.
Десната страна од улицата Илинденска, пред дуќаните сериозно оштетена. Проблемот е подолго време но никако да се реши. Кога се реновираше мостот, рекоа дека улицата е во надлежност на локална власт и остана така со дупки - велат велешани кои ја користат секојдневно за да преминат од едната на другата страна од градот.
Од локална власт најавуваат дека санацијата ќе биде изведена, но овој простор ќе е решава комплексно.
Ќе се изврши времено санирање на тротоарот. Во меѓувреме во тек е донесување на нов Детален урбанистички план со кој за овој дел од градот се предвидува отстранување на сите деловни простории, со пристап пред мостот Гемиџии и изградба на нов трговски центар, каде тие ќе бидат сместени – објаснуваат од општина Велес.
И додека локалната власт најавува дека тука планира Трговски центар, во септември и октомври во два наврати ЈП за стопанисување со деловен простор ги издаваше времените објекти под наем. Но без успех.
Tweet |