Петар Печков
Објавено: петок, 23 декември 2016
Откако се уништија така наречените ,,п,, столпчиња на тротоарот пред Основен суд Велес,а овој простор стана паркинг. И тоа во претпладневните часови. Возачите без ни малку одговорност ги паркираат тука автомобилите, со часови. Така просторот наменет за пешаците е узурпиран.
Не можеме да минеме, скапи и големи коли, џипови постојано се тука, по широчината на тротоарот. Ако немаат место каде да паркираат, не значи дека тротоарот кој е за пешаци е местото за нивните коли – велат велешани.
Оваа пракса се воведе откако летово возач ги уништи десетина ,,п,, столпчиња чија намена беше токму таа, да не можат тротоарите да се користат за паркирање.
Подоцна се случи уште еден таков инцидент кога на истиот тротоар беа уништени три други вакви заштитни елементи. Така сега целиот простор е див паркинг. ТрМр го праша градоначалникот кога ќе се вратат металните заштитни елементи, кои претходно ги постави локална власт.
Даден е налог на ЈКП Дервен да се изработат и очекувам по Божикните празници дека 13 вакви ,,п,, столпчиња ќе бидат поставени а со тоа тротоарот нема да се користи за паркирања – изјави Чадиев.
Пред една година на истиот тротоар, возач уништи десетина вакви метални заштитни столпчиња, кои за кратко време беа поправени и поставени. Овој пат се чека околу половина година за нивно враќање.
Tweet |