Петар Печков
Објавено: четврток, 03 мај 2018
МВР информираше дека го разрешило случајот на разбојништво врз двајца јапонски државјани, кој се случи на први мај околу 15 часот на локалниот пат од село Катланово кон село Брезница. Двете момчиња се приведени по третото се трага
Се работи за тројца малолетници од Велес на возраст од 15 до 17 години, кои што истиот ден во Гостивар одзеле патничко возило “Форд мондео“ со гостиварски регистарски таблички, кое што го употребиле неколку часови подоцна во извршувањето на разбојништвото - стои во соопштението на МВР.
СВР Скопје, по целосно документирање на случајот против лицата ќе поднесе соодветни кривични пријави.
Како што МВР претходно ја информираше јавноста, напаѓачите откако ги пресретнале јапонските државјани кои со велосипеди се движеле на локалниот пат од с.Катланово кон с.Брезница, физички ги нападнале, и им одзеле 3000 евра, патни исправи, кредитни картички и еден мобилен телефон „Ајфон“, притоа нанесувајќи им на оштетените тешки телесни повреди.
Tweet |