Петар Печков
Објавено: сабота, 11 мај 2013
Македонија за прв пат ќе учествува на најголемиот собир на спортистите од регионот Медитеранските игри. Тие годинава ќе се одржат од 20 до 30-ти јуни во турскиот град Мерсин. Ова се 17-ти по ред натпреварувања каде ќе учествуваат 24 земји во 27 спрота, со околу 3,5 илјади спортисти.
Меѓу нив ќе бидат и тројца велешани, во поединечните натпревари: Ана Богдановски во пливање, Кристијан Ефремов во атлетика и Костадин Петров во велосипедизам. ТРМР им посакува добри резултати. Македонија ќе има околу 125 во 16 поединечни и во четири екипни спорта. На ова треба да се додадат уште 30 тренери и членови на делегацијата, па македонската делегација во Мерсин ќе брои над 150 лица.
Веќе беше извршено и ждребувањето за екипните спортови каде Македонија ќе се натпреварува. Фудбал: Македонија е во група Б со Италија, Либија и Тунис. Ракомет мажи група Ц Турција, Хрватска, Македонија и Италија. Ракомет жени група Б Црна Гора, Хрватска, Италија и Македонија . Кошарка мажи група А Турција, Македонија, Египет и Алжир. Одбојка мажи група Б Тунис, Италија, Македонија и Алжир.
Во овој турски град, домаќин на Медитеранските игри настапува во тамошниот ракометен клуб голманот, велешанецот Виктор Гигов. Тој за посетитлките на ТРМР испрати неколку фотографии од градот и салите.
Мерсин е подготвен са овие игри и сите објекти се веќе завршени. Домаќините напорно работеа и сигурно дека тие ќе бидат успешни. Се надевам дека и македонските спортисти ќе не израдуваат – вели Гигов.
Tweet |