Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 март 2026
Три лица нападнале велешанец, по претходна расправија, кој пак откако им избегал им го оштетил возилото. Кај него пак бил регистриран алкохол во крвта. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 15 март во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.З.(48 год), Љ.З.(23 год) и М.З.(18 год ) сите од Велес, а го привеле М.Б.(40 год) од Велес. Според пријавеното, околу 17:30 часот кај место викано „Прилепски пат“ на патен правец село Раштани-Велес, по претходна расправија, М.Б. бил физички нападнат од А.З, Љ.З. и М.З., а откако им избегал со дрвен предмет оштетил едно од нивните возила. Подоцна, на улица „Методија Анодонов Ченто“ во Велес“ настанала физичка пресметка помеѓу А.З., Љ.З.и М.З. од една страна и М.Б. од друга страна. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека М.Б. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 0,87 промили алкохол во крвта, а дрвениот предмет бил пронајден и одземен“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева портпарол на СВР Велес.
А.З, Љ.З. и М.З. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.
| Tweet |




