речник контакт

Тројца велешани нападнати во село Дорфулија

Градежни работи скарале петмина во село Дорфулија

Петар Печков

Четвртокот попладне, тројца велешани пријавиле во ПС Свети Николе,  дека  добиле закани и двајца  жители на село Дорфулија се обиделе да ги нападат на остар предмет.

„На 16 февруари во  ОВР Свети Николе било пријавено дека околу 17 часот во село Дорфулија, општина Лозово, поради недоразбирање околу извршени градежни работи, Б.А. и Б.А. од село Дорфулија им се заканиле и се обиделе со остар предмет да ги нападнат М.В., С.М. и А.И., сите од Велес“ - соопштија од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава против сторителите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »