речник контакт

Тројца велешани настапија на ЕП во кајак на диви води- спуст

Златаров,Спасиќ и Небиоски настапија во класик и во спринт, како и екипно

Петар Печков

Изминатите денови на патеката Саберо во Леон,  Шпанија, се одржа Европското првенство во кајак на диви води, во спуст. На првенството настапија и тројца македонски репрезентативци, Александар Златаров, Љубиша Спасиќ и Енис Небиовски, сите од Велес.   

Во  спринт екипно, Македонија од 10 репрезентации се пласираше на шестото место, со  без малку три секунди заостанување зад победникот Словенија,која патеката  ја веслаше за 42 секунда.

Во поединечна конкуренција  во кајак спринт  во првата трка Златаров беше 29-ти, Спасиќ 33-ти а Небиовски 35-ти од 41 натпреварувачи. Во втората трка, Спасиќ беше 19-ти, Златаров 24-ти а Небиовски 35-ти од 36 натпреварувачи. Или не успеаја да се пласираат во финалната трка.
 
Се веслаше и класик, едни веслање, каде Златаров беше 33-ти, Спасиќ 34-ти и Небиовски 37-ми од 38 натпреварувачи. Во екипна конкуренција Македонија беше деветта од десет земји учеснички. 

За разлика од кајак на диви води -слалом, кој е олимписка дисциплина, спустот не е.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »