речник контакт

Тројца велешани починаа од последиците на ковид заразата изминатите 24 часа

Нови 13 случаи на лица позитивни на корона вирусот во велешко

Петар Печков

Тројца починати пациенти во велешка Болница, како последица од ковид заразата изминатите 24 часа. Две од нив се жени од Велес на иста возраст по 59 години, додека третиот е маж  од Свети Николе на 66 годишна возраст, информираа од велешката Болница. Едно лице од Велес на 62 години е починато во скопските Болници, соопштија од Министерството за здравство  По ова бројот на починати лица од велешко, како последица на корона вирусот достигна до 193 пациенти.  

Во велешка Болница  се хоспитализирани 63 пациенти,  од кои  43 се потврдени позитивни, седум се сомнителни случаи и 13 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

„На кислородна поддршка се 28 пациенти. Испишани се десет пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ - информира д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се   37,  на Интерно 11 и во  Модуларната болница  се 15 пациенти.
 
Изминатите 24 часа има нови 13 случаи на лица од велешко  позитивни на ковид-19 и петмина оздравени.   Со ова бројот на активни случаи во велешко достигна до 294 пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »