речник контакт

Тројца возачи на подрачјето на СВР Велес, ноќеска управувале автомобил во фаза на тешко пијанство

Кај возачите било констатирано присуство на алкохил во крвта од 2,31 до 2,65 промили

Петар Печков

Вчеравечер и ноќеска,  СВР Велес информираше дека кај тројца возачи била констатирано високо присуство на алкохол во крвта.  

Во 22:55 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, кај Ц.Т.(61 год) од Велес, кој управуал патничко возило „југо“ со велешки регистарски ознаки имал 2,65 промили алкохол во крвта. 

Во 02:10 часот на локалниот пат Градско-с.Горно Чичево, с.Долно Чичево,  на патот каде се случи сообраќајката,  но нешто подоцна околу 1,50ч. Г.П.(42 год) од Росоман, управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од патот. А го управувал  под дејство на алкохол, со  2,44 промили алкохол во крвта.  

Во   во 00:35 часот на ул.„Маршал Тито“ во Демир Капија,   Д.Н.(44 год) од Демир Капија, управувал патничко возило „пежо“ со демиркаписки регистарски ознаки, со  2,31 промили алкохол. 

Сите тројца  ќе добијат кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »