Петар Печков
Објавено: четврток, 04 ноември 2010
ообраќајката била директен судир помеѓу патнички автомобил марка Сеад Леон со италијански регистарски ознаки, управуван од сега покојниот Велче Стојановски (40) со привремен престој во Италија и автобус со радовишки регистарски ознаки сопственост на Балкан Промет управуван од К.Б. (50) од Радовиш. Во незгодата починале возачот на патничкиот автомобил и двете сопатнички Весна Синадиновска (38) и Аница Блажевска (30) и двете од Македонски Брод.
До сообраќајката дошло кога автомобилот кој патувал кон Прилеп, од непознати причини преминал на левата коловозна лента и удрил во автобусот кој доаѓал од правец на прилеп. Сите тројца патници починале на лице место а глетката била страотна. На спасувачките екипи кога дошле не им преостанало ништо друго, освен неколку часа да ги вадат без животните тела од смачканиот автомобил. Сообраќајот и во двата правци беше во прекин четири часа од 06,15час до 10,15час.
По наредба на истражен судија телото на возачот на патничкиот автомобил е предадено на обдукција. Анализите од извршениот увид на лице место дополнително ќе ги утврдат причините за настанатата сообраќајна незгода. Селаните од соседните ниви посочуваат дека овој дел од делницата Градско –Прилеп е црна точка со многу сообраќајни незгоди и загубени животи. Дел од возачите кои не се прилагодуваат на условите на патот, завршуваат во блиските ниви, за што сведочат бројните искршени столпчиња за лозје. Како една од мерките за подобрување на состојбата, возачите велат дека е најдобро да се прошири коловозната лента на овој дел од патот Градско – Прилеп
Tweet |