Петар Печков
Објавено: петок, 15 септември 2017
Вчеравечер на полноќ истече рокот до кога партиите можеа да ги поднесат кандидациските листи за градоначалник и советници во Општините.
За локалните избори закажани за 15 октомври во Општина Велес ќе учествуваат тројца кандидати за градоначалник и шест листи за советници.
Во трката за градоначалник по азбучен ред се: Аце Коцевски (коалиција на СДСМ), Гоце Чушков (НДM) и Славчо Чадиев (коалиција на ВМРО-ДПМНЕ).
За советници поднесени се шест листи: Алијанса за Албанците – Лујзим Исеини , ВМРО-ДПМНЕ – носител Алексадар Колев, ДУИ - Зија Сулејмани , Левица – носител Димитар Апасиев, НДM – Панче Жежовски, СДСМ –носител Ненад Коциќ.
Овие кандидатури Општинската изборна комисија треба да ги верификува до сабота до полноќ, па дури потоа ќе бидат официјални кандидати за градоначалници и советници.
Tweet |