Петар Печков
Објавено: петок, 31 мај 2024
Тројца малолетници фатени како од автомобилот фрлаат марихуана. Местото каде полицијата ги уапсила било на несудениот, започнат а недограден пат за Прилеп, близу Раштани.
„На 30 мај во 22.20 часот на место викано „Прилепски пат“ во Велес полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода тројца малолетници од Велес. Имено, откако малолетниците ги забележале полициските службеници, од прозор од патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки во кое биле, фрлиле марихуана, која била пронајдена до возилото и одземена“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Малолетниците биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител, Центарот за социјални работи и по документирање на настанот протв малолетниците ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Tweet |