речник контакт

Тројца ново заразени и еден починат од ковид-19 во велешко

Во велешко активни се 346 случаи со корона вирусот а во Болница се 49 пациенти

Петар Печков

Тројца  велешани се ново заразени со ковид-19 изминатите 24 часа а оздравени се  девет, објавија од Министерството за здравство. Или активни се 346  случаи а досега биле заразени 5.454 лица.

„Починат е пациент на 69 годишна возраст, од село Мелница, позитивен, лекуван пет дена во Модуларната Болница. На кислородна поддршка се 23 пациенти. Испишани од велешка Болница се три лица како оздравени со по еден негативен тест“ - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Вкупно се хоспитализирани 49,  од кои  37 се потврдени позитивни, четворица  сомнителни  и осум  пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На Инфективно  одделение згрижени  се 26 пациенти, на Интерно шест  и во  Модуларната болница 17.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »